Раководителот на МЗШВ ПЕ Битола, Методија Илиевски, денеска заедно со дел од вработените од подрачната единица, ги посетија откупните пунктови за тутун во Пелагонискиот регион.
-Целта на оваа посета беше на лице место да ја видиме реалната состојба на самите пунктови, како и тоа какво е расположението на производителите за самиот откуп, рече Илиевски.
Тие ги посетија Сокотаб со откупен центар во Битола и Драгожани, СЕКЕ во Горно Оризари и Мисиријан во Лисолај.
-Ваквите посети, како и подвижната канцеларија на МЗШВ ПЕ Битола, се битни активности кои ќе ги спроведуваме често во следниот период, истакна Илиевски.
Според раководителот Илиевски, откупот се врши на 17 откупни места, а се очекува да бидат преземени 3.364 тони тутун. Склучени се 3.408 договори и издадени се 2.475 евидентни листови.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство