Илиевски во посета на откупните пунктови за тутун во с. Добрушево

Вести

Денеска раководителот на МЗШВ ПЕ Битола, Методија Илиевски, повторно беше на терен помеѓу производителите на тутун на откупните пунктови во Општина Могила. Посетени беа сите откупни пунктови во с.Добрушево.

-Производството на тутун години наназад континуирано се произведува што асоцира на добра земјоделска практика и стабилно производство, рече Илиевски.

Илиевски потенцира дека тутунот како важна култура во земјоделството како и неговото производство во пелагонискиот регион претставува значајна гранка.

– 90% од производството на тутун е наменето за извоз на странските пазари и приливот на финансии е доста добар за самите производители поради што беше и причина повторно да се појавиме на откупните пунктови, рече Методија Илиевски.

 

Според раководителот Илиевски, откупот се врши на 17 откупни места, а се очекува да бидат преземени 3.364 тони тутун. Склучени се 3.408 договори и издадени се 2.475 евидентни листови.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *