На вчерашната седница на Советот на општина Битола, била прифатена иницијативата на советникот Методија Илиевски од СДСМ за дополнување на нови членови, односно експерти од сферата на земјоделството во комисијата за штети од елементарни и други непогоди.
„Истата веднаш да биде ставена во функција, со цел да се обештетат земјоделците кои претрпеа штети на земјоделските посеви од невремето со град и силен ветер кој ја зафати Општина Битола изминатиот викенд“, вели Илиевски.
По невремето од викендов, Илиевски, кој е и раководител на подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола, соопшти дека имало штети врз земјоделски култура и во Општина Битола, Новаци и Могила.
Извор: tera.mk