Денес, (10.01.2020 година), петок, во 11.30 часот, во Домот на АРМ во Струмица, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе присуствуваат на работилницата во склоп на инфо-деновите коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.
