Инфо ден за ИПАРД утре во Струмица, ќе присуствуваат министерот Димковски и директорот на АФПЗРР – Бабовски

Вести

Утре, (10.01.2020 година), петок, во 11.30 часот, во Домот на АРМ во Струмица, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе присуствуваат на работилницата во склоп на инфо-деновите коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Распоредот и програмата за инфо деновите (види подолу)  се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

 

1 Ранковце 9 јануари 2020 (четврток) 10.00 мерка 3

2 Свети Николе 9 јануари 2020 (четврток) 14.00 мерка 3

3 Струмица 10 јануари 2020 (петок) 11.00 мерка 3

4 Прилеп 15 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3

5 Тетово 16 јануари 2020 (четврток) 10.00 мерка 3

6 Кичево 16 јануари 2020 (четврток) 14.00 мерка 3

7 Карпош 17 јануари 2020 (петок) 10.00 мерка 3

8 Аеродром 17 јануари 2020 (петок) 14.00 мерка 3

9 Битола 23 јануари 2020 (четврток) 11.00 мерка 3

10 Градско 24 јануари 2020 (петок) 11.00 мерка 3

11 Кочани 28 јануари 2020 (вторник) 11.00 мерка 3

12 Богданци 29 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *