Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Услуги на рурално население: Домови за стари лица и рехабилитација

Вести

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во услуги на руралното население може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за услуги на руралното население.

Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – физичко лице со место на живеење во Крива Паланка  сака да започне да се занимава односно да инвестира во изградба и опремување на објект за сместување на стари лица.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евра до 1 000 000 евра. Во нашиов пример претпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 250 000 евра.

Документи кои се потребни при набавката на оваа опрема се:

  1. Барање за користење на средства комплетно пополнето ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава дека на крајот од инвестицијата барателот (физичкото лице) ќе се регистрира како правен субјект во согласност со дејноста (старечки домови).
  4. Диплома или сертификат за завршен курс/обука соодветната област за старечки домови или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  5. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  6. Потврда од локалната самоуправа – Општината Валандово, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  7. Имотен лист од земјиштето/ парцелата каде што ќе биде изграден објектот ( домот за стари лица).
  8. Доколку земјиштето е во државна сопственост потребно  е и договор за концесија, не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се биде договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист.
  9. Поднесено барање за издавање елаборат за заштита на животната средина од Министерство за животна средина.
  10. Една понуда од добавувач до 10 000 еур со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана ), доколу вреноста по ставка надминува 10 000 еур потребно е да се достават 3 понуди со детална техничка спецификација и земја на потекло. (прифатливи се и општите трошоци кои се направени за подготовка на целокупната документација за аплицирањето).
  11. Договор за општи трошоци
  12. Фактура за општите трошоци (доколку се направени)
  13. Одобрение за градба на нов објект или изјава дека ќе се достави одобрение за градба за рок не подолг од 1 година од денот на поднесување на барањето
  14. КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  15. ДЕЛОВЕН ПЛАН (консултантска куќа)
  16. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЛИ

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијат и од овој момент може да се почне со купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде отворен старечкиот дом, во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 250 000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 162 500 евра кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *