ИПАРД инфо-ден во Кратово

Вести

Во Општина Кратово денеска ќе се одржи информативен ден за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси. Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ги покануваат сите заинтересирани странки, физички и правни лица, микро и мали претпријатија и задруги да присуствуваат и да се информираат за можностите.

Инфо денот ќе се одржи со почеток во 11 часот во салата за состаноци на општина Кратово.

Јавниот повик 01/2021 е објавен на 8 јули 2021. Во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата, со цел до 22 август 2021 година сите апликанти да ги достават комплетно пополнетите барања за користење на средства и целокупната документација што се бара во јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Апликантите може да аплицираат во следните приоритетни сектори: алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции, алкохолни производи од грозје или овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во листа на производи од анекс I на договорот за функционирањето на ЕУ.

Прифатливи инвестиции во мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси се: градба и реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување.

Дополнителни информации се достапни на веб страниците на телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.ipard.gov.mk , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *