Исхрана на козите во зимскиот период – Сено, пченка и протеински додатоци

Вести Совети Сточарство

Исхраната на козите во зимскиот период подразбира нивно хранење три пати дневно. Правилната исхрана на козите во текот на целата година е еден од условите за успешно одгледување на кози, што е всушност главна цел на секој одговорен одгледувач. За козата да биде здрава и да го оставри својот генетски потенцијал храната мора да ги содржи сите неопходни, корисни материи.

Посебно внимание треба да се обрне на исхраната во периодот на зимата кога е неопходно да се обезбеди доволнo храна од сопствено производство, порачуваат агро стручњаците.

Повеќето производители се одлучуваат основен оброк во зимскиот период да им биде сеното со додаток на некои протеински, енергетски и минерални состојки.

Исхраната на козите во зима, се состои од сено, пченка и протеински додатоци. Потребите од енергија во екстензивните производства козите можат да ги задоволат од сеното, па затоа не е потребно да се додава пченка.

Оброкот за гравидните кози и козите во раниот период на лактација се состои од сено кое козите го користат по волја и протеински додаток од околу 500 гр. Доколку сеното е со добар квалитет со  10-12 % протеини, протеинскиот додаток може да се намали на 375 гр дневно.

За исхрана на јарињата со старост 3-6 месеци, се користи протеински додаток со 16 % протеини и квалитетно сено.

На козите на почетокот од периодот на гравидноста, препорачливо е покрај сеното да им се дава и концентрат со 14 % протеини. Користењето на ваквиот оброк има оправдани причини бидејќи козите порано се оплодуваат и се постигнува поголем процент на облизнување, над 50 %.

Покрај составот и квалитетот на оброкот, важна е и формата во која концентрираниот оброк им се дава на козите. Најчесто тоа е храна во форма на пелети.

Јарињата и помладите кози користат пелети со големина 0,5 cm додека за старите грла е посакувана големина околу 1 cm. Во зима козите се хранат три пати на ден, а напојувањето со вода  (3-8 литри/ден) во зима треба да се врши после давање на сено.

Температурата на водата не смее во зима да биде под 18 °C, a во лето под 10 °C. Количината на испиена вода е тесно поврзана како со надворешната температура на воздухот така и со количината на храна. Преминот од летна на зимска исхрана мора да се врши постепено во рок од 5-10 дена.

Агротим

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *