Искористете го прекрасниот викенд – од понеделник ново невреме во државата

Вести

За време на овој викенд, како што и најавивме ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 утре, и од 30 до 37 во недела.

Сепак искористете го овој прекрасен викенд за прошетки поради тоа што веќе во понеделник попладне и навечер ќе имаме нова промена на временската состојба кај нас.  Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилното време ќе продолжи и во вторник а локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање за неколку степени.

За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *