Исплатени 225 милиони денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко

Вести Сточарство

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски вчера во Штип оддржаа состанок со сточарите. На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат дел од сточарите, за откупната цена на јагнето и за тоа како стоката да презими.

Им соопштија дека на сметките на сточарите се легнати и парите за трета фаза произведено и предадено млеко, средства кои ќе им помогнат да ги набават храна за презимување на стоката.

„Денеска на сметките на 7.183 лица исплативме 225 милиони денари за произведено и предадено млеко, трета фаза. Ова се средства кои се од исклучително значење за сточарите,  затоа што ќе помогне да набават се што им е потребно за презимување на стоката. Во рок од неполн месец, исплативме вкупно 377 милиони денари за втора и трета фаза предадено млеко.  Со ова практично, целосно ја затворивме исплатата за произведено и предадено млеко за 2019 година. Исто така од денеска е отворен е – системот за поднесување на барања за органско производство. Аплицирањето трае до 25- ти декември. “ – истакна Бабовски.

 

Директорот,  посочи дека Агенцијата  ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

 

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека во изминатиот период министерството креираше сет на мерки кои помагаа во сточарството.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *