Над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади денеска им се исплатени на 13.854 лозари, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку својот фејсбук-профил.
-Како што ветивме, субвенциите ги исплаќаме пред почетокот на новата производствена сезона – истакнува Николовски.
Овие пари, додава, директно се враќаат кај лозарите.
-Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино – рече Николовски.