Исплатени над 98 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска исплати над 98 милиони денари на сметките на 5.698 сточари за субвенции  произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Корисници на оваа мерка се сите фармери кои произвеле и предале млеко од сопствено производство во период од октомври до декември 2018 година.

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на финансиска поддршка.

 

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Од почетокот на мандатот до денеска, се исплатени 393,6 милиони евра, субвенции за развој на агро – секторот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *