![]() Исплатени субвенциите за пчеларитеАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 3.820 лица исплати 164.965,600,00 денари за фармерите кои одгледуваат и имаат презимени пчели.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека корисници на мерката Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелини семејства. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка. |