Исплатени субвенциите за фармерите кои одгледале и заклале говеда во регистриран кланичен капацитет

Вести Совети Сточарство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира фармерите дека на 242 лица исплати 5.082.000,00 односно, над 81 илјади евра за мерката 2.4. -одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет.

„Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни“, се вели во соопштението.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, ги информира корисниците на Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој дека како што се обработуваат апликациите за добивање на субвенции со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, така ќе следи и исплата по мерки соглaсно планираниот календар за исплата. Средствата се враќаат кај земјоделците, во време кога имаат потреба од свеж капитал за новата реколта и ново производство.

Од крајот на минатиот месец до денеска АФПЗРР исплати над 30, 5 милиони евра, од нив на 26.300 одгледувачи на житни култури исплатени се 5,5 милиони евра, 16 милиони евра легнаа на сметките на одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки и околу 9 милиони евра на сметките на над 15 илјади лозари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *