Како да се изберат јуниците за размножување? Ова често е прашање кое земјоделците си го поставуваат себеси и на околината. Сериозните фарми воопшто не продаваат женски телиња , бидејќи сите здрави женски телиња се користат за обновување на стадато. Периодот од раѓањето до 6-те месеци, е најважниот период, како во иднина би се добила квалитетна и економски одржлива јуница за приплод. Покрај доброто одгледување, генетиката е исто така важна.
Најважната задача на секој сточар, кој се занимава со одгледување на телиња, е да посвети посебно внимание на првата година од животот на телето, бидејќи сите грешки и неуспеси што се направени во овој период не можат да се корегираат подоцна. Познато е дека приплодните јуници се основа за успех во понатамошното производство на млеко. Подобрувањето на производството во фармите за говеда се базира главно на квалитетот на приплодните потомци ( јуници ), кои ќе ги заменат кравите.
При репродукцијата, најбитен е квалитетниот избор на телиња, кои ќе останат за приплод. При изборот на телиња за приплод, од суштинско значење е да се испита потеклото на животното. Под потекло, се претпоставува следново:
– податоци за карактеристиките на таткото и мајката ( две / три генерации наназад )
– млечноста на сите женски предци, нивна оценка и класа.
По проценка на потеклото, се преминува на избор на екстериерот на јуницата. Јуницата се гледа во целост, дали е складно градена, дали има правилен став, силни екстремитети. Треба да има правилна линија на грбот и да е доволно долга.
Одгледување на приплодни јуници
На големите фарми, се практикува слободно држење на јуниците, без врзување. Предностите на овој начин на одгледување се :
- Правилно им се развиваат органите за варење и скелетот
- Грлата се во добра физичка кондиција
Исхрана на приплодните јуници
Тие се групираат според возраста и тежината и секоја група добива посебен оброк. Постигнувањето максимален пораст со минимално складирање на маснотиите е примарна цел при исхраната на јуниците.
Кога составувате оброк за приплодните јуници, мора да се внимава на следново:
-
Вкупната употреба на сува материја во исхраната не смее да надминува 2,7% од телесната тежина на јуницата ( на пр. На јуница со тежина од 220 кг. оброк ќе и биде луцерка со тежина од 6,5 кг за посакуваниот прираст од 0,8 кг дневно ).
- Оброк кој содржи само сено од луцерка, содржи протеини кои се и повеќе од потребната количина за внес, а количината на енергија која се добива е помала од потребната. Затоа, неопходно е да се замени сеното од луцерка со некои високо-енергетски храни.
Клучниот период кај приплодните јуници е периодот на развој на млечната жлезда, кој се јавува помеѓу 3 и 9 месеци, кога млечното ткиво расте 3 пати побрзо од телото. Ако во овој период, на јуниците им се даваат високо-енергетски оброци, масното ткиво во вимето се акумулира со последователно инхибиторен ефект врз развојот на млечните жлезди. Сето ова доведува до намалување на лактацијата кај јуницата во првиот и секој последователен период на лактација и доаѓа до товен стерилитет.
Практични совети за правилно одгледување на приплодни јуници
На 15-18 месечна јуница, се врши вештачко оплодување, а тежината на јуницата при вештачкото оплодување, треба да биде помеѓу 380-420 кг односно 60% од тежината на возрасната крава. Првото телење на јуницата треба да биде кога јуницата има помеѓу 24-27 месеци и телесна тежина 500-550 кг. Тежината на телото по телењето, треба да изнесува 80-85% од тежината на возрасните крави. Дневниот прираст на приплодните јуници треба да изнесува 750-850 грама, а пред оплодувањето треба да се подобри нивната исхрана.
Најчестите грешки направени од одгледувачи на стока се да оплодат јуници со пониска телесна тежина, а потоа да ги хранат поинтензивно за да достигнат одредена телесна тежина. Поради тоа, добиваат јуници, кои ја губат телесната тежина при телењето, а потоа и има принос при лактацијата. Избегнете ги овие првични грешки и ќе бидете задоволни со постигнатото.