Избрани 12 нови консолидациони подрачја

Вести

Тема на денешниот работен состанок на министерот Љупчо Николовски, со меѓународниот консултант на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации- #ФАО, Франк ван Холст, специјалистот за земјишни политики на ФАО, Максим Горган и главниот технички советник, Вилма Даугалиене, беше напредокот на проектот за консолидација на земјоделското земјиште, кој што се имплементира од ФАО, а е финансиран од Европската унија, преку #ИПА Програмата.

Консултантите од ФАО, информираа дека веќе се избрани 12 локации во региони во Македонија, за кои ќе се изработуваат физибилити студии за започнување на проекти за консолидација на земјоделското земјиште.

Министерот Николовски, ги информираше дека измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште се подготвени и наскоро ќе влезат во владина процедура.

Овој проект е од исклучителна важност за македонското земјоделство бидејќи ќе го реши проблемот со раситнетоста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси во Македонија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *