Изјава на министерот Хоџа: Ако сметате дека има неправилности, барајте второстепена комисија, каде што има проблем ќе одам лично

Вести тутун

Денеска ги повикав на средба претставниците на Сојузот на тутунарски здруженија и откупувачите на трет заеднички состанок. Претходно одржавме два состанока, пред почеток на откупот и се договоривме дека ќе продолжиме со овие заеднички средби кога ќе започне откупот на тутунот од годинешнава реколта. Сеуште не се отворени сите откупни центри, а поради проблеми со Ковид и временските услови, има слаб ритам откупот. Досега се откупени само 260 тони од вкупната очекувана количина од 23 милиони килограми и многу е рано да се каже која е просечна цена или дека е лош откупот – изјави министерот Хоџа и додаде дека сите се согласуваат дека оваа реколта е послаба од ланската, по квалитет но има големи забелешки од страна на тутунопроизводителите за нереална проценка на класите.

-Ги охрабрувам сите производители ако сметаат дека се прави неправда да побараат второстепена комисија или да го блокираат откупниот пункт. Им ветив на земјоделците, им се понудив и лично да дојдам и да присуствувам на проценката на тутунот – рече Хоџа.

Министерот Хоџа изјави и дека се размислува за можноста, заедно со секторот кој е задолжен за следење на ова производство, да се укине 4 класа, која лично за него е нелогично да ја има. Но за тоа најави анализи и разговори со сите чинители во овој сектор и науката, правниот аспект, за да може да се дојде до тоа решение.

-За мене е нелогично постоењето на 4 класа и се надевам дека ќе успееме да ја тргнеме и на тој начин автоматски ќе се зголеми и просечната цена. Инаку цените се истакнати, досега има некоја просечна цена од 163 денари, но повторувам на само 260 тони откупени наспроти 23 000 тони колку тежи годинешниот род кој целосно ќе биде откупен од страна на откупувачите – изјави Хоџа и побара за трпение, како од земјоделците така и од јавноста бидејќи реално откупот целосно не е започнат.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *