Субвенции за пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут (слануток) и за засеана или одржувана површина со луцерка се:
- 12.000 денари по хектар со сертифициран семенски материјал,
- за површината од 5 до 50 хектари субвенциите се 14.400 денари по хектар со задолжителна употреба на сертифициран семенски;
Субвенции за ориз се:
- 25.000 денари по хектар,
- за површината од 5 до 50 хектари субвенциите се 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал,
Субвенции за афион се:
- 16.000 денари по хектар,
- За површина од 5 до 50 хектари субвенциите се 19.200 денари по хектар за земјоделски стопанства со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.
СУБВЕНЦИИ БЕЗ УПОТРЕБА НА СЕРТИФИЦИРАН СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ
- Пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут (слануток) и за засеана или одржувана површина со луцерка 6.000 денари по хектар;
- за сончоглед и афион 8.000 денари по хектар; и
- за ориз 18.000 денари по хектар.
Дополнителни субвенции поледелство
За површина од 5 до 50 ха збирно за следните култури: јачмен, пченица, рж, овес и сончоглед со сертифициран семенски материјал
Услов: производство да е продадено во преработувачки капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
Услов: остварени приноси:
- 4.000 кг/ха за пченица;
- 3.000 кг/ха за јачмен;
- 3.000 кг/ха за `рж,;
- 3.000 кг./ха за овес; и
- 1.500 кг./ха за сончоглед.
Висина на субвенција 5.760 денари по хектар.
Дополнителна мерка сончоглед
Услов за користење дополнителна мерка сончоглед: да се корисници на основната мерка за поледелски култури – сончоглед со сертифициран семенски материјал.
Субвенции – 3.000 денари по хектар
Дополнителни субвенции на основните
За вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство:
- Дополнителни 15% на веќе добиените субвенции.
за растително органско производство и производство во преод
- Дополнителни 50% на веќе добиените субвенции за поледелски култури.
Поддршка за зелена нафта:
- пченица, јачмен, пченка,`рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо изнесува 1.250 денари по хектар;
- хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка изнесува 1.875 денари по хектар;
Дополнителни субвенции – помош за следните категории носители на земјоделски стопанства:
- Дополнителна помош од 5% на правно лице регистрирано во ЕРЗС како земјоделско стопанство кое е основано од носителот или членот на семејно-земјоделско стопанство со целокупниот земјоделски имот на семејно-земјоделско стопанство освен објекти за домување или престојување на земјоделски производители;
- Дополнителна помош од 10% на млад земјоделец носител на семејно-земјоделско стопанство;
- Дополнителна помош од 20% на носител на семејно-земјоделско стопанство кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Промени скалесто субвенционирање
Намалување на субвенциите според скалесто субвенционирање во Програмата 2020:
- 0,5 хектари до 50 хектари – 100%,
- од 50,01 хектар до 100 хектари 60%, и
- над 100 хектари 30%
Со промените во скалестото земјоделците ќе добијат поголема сума на субвенции, направени се измени го градацијата (намелена е цела една ставка). Во претходите години скалестото беше:
- 0,2 хектари до 20 хектари – 100%,
- 20,01 хектар до 50 хетари – 60%,
- 50,01 хектар до 100 хекрати – 30%,
- Над 100 хектари – 20%.
Во Програмата за 2020 година со направените огромни промени во однос на скалестото намалување на субвенциите се со една цел земјоделците да добијат поголеми субвенции.