ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документи и одржување на јавна расправа за документите “Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” и “Рамка на политиката за раселување” за Проект за модернизација на земјоделството

Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија (РСМ) преку Владата на РСМ аплицираше во Светска Банка за добивање на финансиски средства со цел подобрување на конкурентноста и зајакнување на јавните институции во земјоделскиот сектор. Преку советодавни услуги и формирање на центри за набавки и дистрибуција, проектот има за цел да го зголеми капацитетот за усвојување на технологија и иновации и зголемување на конкурентноста на секторот преку преземање на подобрени производствени практики од страна на земјоделските производители и зголемен пристап до домашните и меѓународните пазари.

Со цел навремено идентификување на можни негативни влијанија врз животната средина и социјалните аспекти од реализирање на проектните активности и вклучување на засегнатите страни се изработија следните документи:

v  “Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” со вклучени План за управување со работна сила” и План за вклучување на засегнати страни”;

v  “Рамка за политиката за раселување“;

v  “Акционен План за реализација на мерки за животна средина и социјални аспекти во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството во РСМ”

Документите беа подготвени во согласност со националното законодавство и барањата на Светска Банка.

Документите се ставени на јавен увид на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (http://www.mzsv.gov.mk) а исто така печатена копија ќе може да се види во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РНМ. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документите на веб страна.

Презентирање на главните наоди од подготвените документи ќе се одржи на јавна расправа во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на ден 11.11.2019 во 11 часот.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документите на веб страна до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на следната е-mail адреса: info@mzsv.gov.mk или во печатена форма да ги испратите на следната адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Аминта Трети бр. 2 , 1000 Скопје.

Презентирање на главните наоди од подготвените документи ќе се одржи на јавна расправа во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија на ден 11.11.2019 во 11 часот. Записник од јавната расправа ќе биде испратен до сите заинтересирани кои доставиле коментари преку нивните контакти (доставените е-mail адреси/поштенски адреси).

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани страни, институции и поединци да присуствуваат на јавната расправа за рамковните документи за проектот и ги дадат своите коментари и забелешки на подготвените документи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *