Извршено примопредавање на должноста директор на АХВ

Вести

Денес, во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беше извршено примопредавање на должноста директор.

Нов вршител на должноста директор на АХВ е Николче Бабовски.

Тој на оваа позиција доаѓа од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, каде од август 2017 година ја извршуваше функцијата директор.

На примопредавањетно, досегашниот директор на Агенцијата Зоран Атанасов, му посака успех во работењето на новиот директор и го информираше за досегашните и идните  активности на Агенцијата.

Бабовски по професија е дипломиран доктор по ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Белград и магистер по менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за менаџмент и туризам во Скопје.

Зоран Атанасов беше директор на Агенцијата за храна и ветеринарство од јуни 2017 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *