ЈАВЕН КОНКУРС за давање на јавно овластување за вршење на задачи од областа на здравјето на растенијата

Вести Градинарство

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Растенијата како добра од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови утврдени во член 67 од Закон за здравјето на растенијата, како и поблиските услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

Јавниот конкурс за давање на јавни овластувања од областа на здравјето на растенијата трае десет (10) работни дена од денот на неговото објавување.

 

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е давање на јавни овластувања за вршење на задачи од областа на здравјето на растенијата дефинирани во член 72 точки 3, 4, 5, 6 и 9 од Закон за здравјето на растенијата  („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18).

 

III. ВИД НА ЗАДАЧИ ЗА КОИ СЕ ДАВА ЈАВНО ОВЛАСТУВАЊЕ

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со решение дава јавно овластување на правни и физички лица за извршување на следниве задачи:

–         следење, прогнозирање, детерминирање и одредување на мерки за заштита од штетни организми;

–         анализа и евалуација на статусот на здравјето на растенијата со цел дефинирање на појавеноста и ширењето на штетни организми во земјата и надвор;

–         подготвување процени на ризикот во случај на ризик од појава или откривање на нови штетни организми, давање технички инструкции и мерки;

–         елаборирање на технички бази на податоци при утврдување на заразени области, области под закана од напад, посебно регулирани области и заштитени зони;

–         спроведување мерки за спречување, сузбивање и истребување на штетни организми;

Заинтересираните правни и физички лица можат да поднесат пријава за добивање на јавно овластување за извршување на сите задачи или поединечно за некоја од горенаведените задачи.

 

IV. УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЈАВНО ОВЛАСТУВАЊЕ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава јавно овластување на правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови утврдени во член 67 од Закон за здравјето на растенијата, како и поблиските услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

Во однос на стручниот кадар носителите на јавни овластувања треба да имаат вработено најмалку едно лице со најмалку високо образование од областа на земјоделските науки, смер заштита на растенијата или специјализација од областа на заштитата на растенијата и за областа на шумарството и да имаат вработено најмалку едно лице со најмалку високо образование од областа на шумарските науки и специјализација од областа на заштитата на растенијата, со работно искуство од најмалку три години.

V. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ

Рок за поднесување на понудите е десет (10) работни дена од денот на неговото објавување.

Пријавите заедно со придружната документација се доставуваат во затворен коверт со назнака на предната страна на ковертот „Пријава за јавно овластување“ на следнава адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, ул. Аминта Трети бр.2  1000 Скопје.

 

VI. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ НА ПРИЈАВАТА И ПРИДРУЖНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Заинтересираните субјекти образецот на пријавата можат да го превземат од веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk

Потребна придружна документација која се доставува кон пријавата:

  1. ПРАВНИ ЛИЦА

–          ДРД образец;

–          М1/М2 образец за вработениот стручен кадар;

–          Доказ за завршено високо образование на стручниот кадар од областа на земјоделските науки, смер заштита на растенијата или специјализација од областа на заштита на растенијата или за областа на шумарството доказ за високо образование од областа на шумарските науки и специјализација од областа на заштита на растенијата;

–          доказ за најмалку три (3) години работно искуство во напред наведените области;

–          доказ за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови за просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015) и

–          ценовник по кој носителите на јавни овластувања ќе ги извршуваат задачите за кои поднесуваат пријава и тоа поединечно за секоја од задачите наведени во точка III. на овој конкурс.

 

  1. ФИЗИЧКИ ЛИЦА

–          Доказ за завршено високо образование на стручниот кадар од областа на земјоделските науки, смер заштита на растенијата или специјализација од областа на заштита на растенијата или за областа на шумарството доказ за високо образование од областа на шумарските науки и специјализација од областа на заштита на растенијата;

–          доказ за најмалку три  (3) години работно искуство во напред наведените области;

–          доказ за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови за просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015) и

–          ценовник по кој носителите на јавни овластувања ќе ги извршуваат задачите за кои поднесуваат пријава и тоа поединечно за секоја од задачите наведени во точка III. на овој конкурс.

Документите кои се доставуваат потребно е да бидат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

VII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериум за избор на носители на јавни овластувања е исполнување на општите услови утврдени во член 67 од Закон за здравјето на растенијата, како и поблиските услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015), наведени во точка IV. на овој конкурс.

 

VIII. ПОСТАПКА

Постапката на отворање и оценување на пријавите ја врши Комисија назначена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Отварањето, разгледувањето и оценувањето на пријавите е јавно.

Овластени претставници на субјектите може да бидат присутни на отворањето на пријавите.

Нецелосните понуди може да бидат комплетирани во рок од осум (8) дена од приемот на известувањето, во спротивно понудата ќе се смета за некомплетна, нема да биде разгледана, и за истото понудувачите ќе бидат известени.

Јавното овластување се дава во форма на решение од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавниот конкурс.

Носителите на јавните овластувања се одговорни пред Министерството за земјоделството, шумарството и водостопанство – Фитосанитарната управа за спроведување на задачите за кои им се доделени јавните овластувања.

IX. ПОЧЕТОК И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА

Времетраењето на издадените решенија за  давање на јавни овластувања изнесува три (3) години, сметајќи од денот на неговото издавање.

 

X. КОНТАКТ ЛИЦА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ

Контакт лица за дополнителни информации во врска со постапката за давање на јавни овластувања се:

Надица Џерковска

е маил: nadica.dzerkovska@mzsv.gov.mk

Ивица Ангеловски

е маил: ivica.angelovski@mzsv.gov.mk

 

Образец на пријавата за учество во постапката, Законот за здравјето на растенијата и Правилникот за поблиските поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата можат за се превземат од веб страницата:  www.mzsv.gov.mk

XI. ДАТА, МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОТВАРАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите ќе бидат отворени во 10 часот, првиот нареден работен ден по завршувањето на јавниот конкурс во просториите на Фитосанитарната управа при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на ул. Аминта Трети бр.2 1000 Скопје.

Документи за превземање

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *