ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на дозволи за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата

Вести Огласи

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Растенијата како добро од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Закон за здравјето на растенијата и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011).

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги во областа на здравјето на растенијата.

III. ВИД НА ЈАВНА УСЛУГА ЗА КОЈА СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа издава дозволи за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата и тоа за следните видови на услуги:

1.1.      интервенирање во случај на ненадејни појави на карантински штетници на растенијата, каламитетни појави и епифитоции на штетни организми;

1.2.     обезбедување метеоролошки, биолошки и други податоци за целта на следењето и прогнозирањето на појавата на штетни организми;

1.3.      едуцирање на сопствениците и други лица вклучени во спроведување на активностите  поврзани со здравјето на растенијата;

1.4.     издавање на пасоши за растенија;

1.5.      спроведување на научно-истражувачки развојни активности и

1.6.     вршење дезинсекција, дезинфекција и дератизација заради здравјето на растенијата.

Заинтересираните субјекти можат да поднесат пријава за сите или поединечни активности од горенаведените точки.

Рокот за поднесување на понудите е десет (10) работни дена од денот на неговото објавување.

Пријавите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, ул. Аминта Трети бр.2 1000 Скопје.

Документи за превземање:

ЗАКОН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РАСТЕНИЈАТА Јавен конкурс 30.05.19 Пријава за јавните услугу за здравјето на растенијата 2019

Правилник за јавните услугу за здравјето на растенијата

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *