Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 9 / 2 0 1 8, Мерка 213: Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство

Вести

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/2007, 5/2009,
43/2014, 193/2015, 39/2016 и 164/2018), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот
развој го објавува следниот

Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 9 / 2 0 1 8
за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на
руралниот развој за 2018 година
I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

 

Мерка 213
Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално
овчарство

– во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2017 до 31.10.2018 година,
како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително
и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и
– во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2017 до 31.10.2018 година,
како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително
и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри

Максимална вредност на прифатливи трошоци (до):

– не повеќе од 300.000 денари по вработено лице за не повеќе од 20 вработени лица
– за над 10 вработени лица помошта се намалува за 50%

 

– Поддршката се доделува во сооднос:
– 1 вработено лице на 150 овци
– 1 вработено лице на 50 кози
– 1 вработено лице на 50 говеда
Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката.

 

Право на користење на средства по мерки имаат следните субјекти:

Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

III. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за пооделна мерка се доставуваат во оригален примерок.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
– Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2018, 100/2018, 127/2018, 172/2018 и 193/2018)

– Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017 и 83/2018)
Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката
213, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

Еден барател може да поднесе едно барање само за една мерка. Еден барател може да поднесе најмногу 2
поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален
развој за 2018 година.

IV. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на
Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

 

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30
часот на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 09/2018 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 21.12.2018 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:
ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на исплата.

Телефон 02 3097 – 460, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот

Е-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *