Јавен повик бр.09/2021 за доставување на бaрања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година

Вести

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува ЈАВЕН ПОВИК бр. 09/2021 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка се однесува на мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства и тоа

  1. Набавка на пчелни матици од одобрени одгледувалишта на пчелни матици согласно Закон за сточарство , а Максимална вредност на прифатливите трошоци изнесува до 600.000 денари по поединечен корисник .
  2. Набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и нaзимки) од увоз или од признати организации согласно Закон за сточарство, со Максимална вредност на прифатливите трошоци до 6.500.000 денари прифатливи трошоци поединечен корисник.

ІІ. КОРИСНИЦИ

Право на користенье на средства имаат следните субјекти, и тоа:

– Субјекти Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

ІІІ. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети набавка на матици, нерези и нaзимки во периодот од 01 јануари до 30 септември 2021 година, За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансиране на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%

-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje ipardpa gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 год

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи :

-фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци,

-детални испратници за испорачаните матици/добиток, уредно заверени,

-Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месеци од денот на објавување на јавниот повик,

-фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот,

-образец на Договор уредно заверен со потпис и печат и др.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој .

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje ipardpa.gov.mk

Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на Барање за исплата може да се превземе на почетната страна на e-baranje.ipаrdpa.gov.mk Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.

VІ. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетото баране за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година на македонски јазик, уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација во оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0921- 12125-XXXX/1)

Бараньето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на барањето.

НАПОМЕНА: Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Крајниот рок за доставување на барањата за исплата на e-baranje ipardpa.govmk е 31.122021 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *