Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на „Повикот за пријавување интерес за развој на земјоделска задруга“. Генералната цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфичната цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка за развој на земјоделски задруги.
Право на учество имаат сите земјоделски задруги регистрирани во надлежниот регистар на земјоделски задруги.
Рокот за доставување пријави е 15.10.2018 г. до 16.00 часот. Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги преземете во документите дадени во прилог.
Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. „Никола Парапунов“ бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 4/ЗАМ/2018“. Оваа постапка за избор се спроведува во рамките на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.
58-1-Povik-za-izrazuvanje-interes-za-razvoj-na-zadrugi
25-7 Informacija za objaveni povici – Poddrska za razvoj na zemjodelski zadrugi (1)