ЈАВЕН ПОВИК бр.47 – 9196/1 за прибирање на барањa за доделување на финансиски средства од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2022 година

Вести

ЈАВЕН ПОВИК бр.47 – 9196/1

за прибирање на барањa за доделување на финансиски средства од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2022 година

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 287/21), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 2 – Шумарство, потпрограма 20 – Шумарство, ставка 485 – Вложувања и нефинансиски средства во износ од 1.700.000,00 денари кои ќе се користат за доделување на финансиски средства на сопственици на шуми во приватна сопственост за  пошумување на голини и ерозивни земјишта.

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на Јавниот повик имаат сите сопственици на шуми во приватана сопственост, чии локации предвидени за пошумување, се со површини поголеми од 0,50 ха.

 

III. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик, кон Барањето корисниците задолжително треба да ги достават следните документи:

–      Имотен лист оригинал (не постар од шест месеци);

–      Копија од катастарски план (скица);

–      Оперативно-стручна програма за пошумување;

–      Изјава за согласност за обработка на лични податоци;

–      Копија од важечка лична карта и

–      Копија од бројот на трансакциска сметка на барателот на кој ќе се врши исплатата.

 

IV. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА

Крајниот рок на доставување на барањата за доделување на финансиски средства е најдоцна до 25 септември 2022 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

V. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА

Висината на финансиските средства согласно оваа програма, изнесува 85.000,00 денари по хектар пошумена површина.

 

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

За доделување на финансиски средства, сопствениците на шуми во приватна сопственост за  пошумување на голини и ерозивни земјишта, согласно оваа програма, треба да поднесат Барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дадено во Прилог на овој Јавен повик. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма потпишан од страна на барателот. Еден сопственик на шума во приватна сопственост може да поднесе само едно барање за доделување на финансиски средства, согласно оваа програма.

Барањето заедно со документите од делот III на овој Јавен повик се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта трети“ бр. 2, 1000 Скопје или со предавање во Архивата на Министерството, секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „За јавен повик за прибирање на барањa за доделување на финансиски средства од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2022 година“.

Барањето за доделување на финансиски средства од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2022 година може да се обезбеди преку веб страната на Министерството : www.mzsv.gov.mk.

 

VII. ПОСТАПКА И НАЧИН НА ИЗБОР

За постапување по барањата за доделување на финансиски средства поднесени согласно оваа програма, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство формира Комисија составена од три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството. По пристигнување на поднесените барања, согласно рокот утврден во делот IV на овој јавен повик, Комисијата со записник го утврдува точниот број на пристигнати барања и изготвува Листа на баратели кои ги исполниле условите за доделување на финансиски средства согласно оваа програма и имаат уредна и комплетна документација, подредени согласно рокот на доставување на комплетно барање врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“. Барателите кои не доставиле уредна и комплетна документација и кои не ги исполнуваат условите, Комисијата ги известува да ги докомплетираат истите во рок од седум работни дена. Барателите кои не ги исполнуваат условите и кои не доставиле уредна и комплетна документација нема да бидат наведени во Листата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе склучува договори со секој барател/сопственик на шума во приватна сопственост поединечно, почнувајќи од првиот барател на листата па редоследно до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за проширена репродукција на шумите за 2022 година.

Документи за превземање

Барање за доделување на финансиски средства за пошумување на голини и ерозивни земјишта од Програмата за проширена репродукција н

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *