Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

Вести

Министерството за економија, согласно програмата за развој на туризмот во РСМ за 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр.12 од 18.01.2021година), објави Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домаќинства.

Право на учество на овој Јавен повик имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани согласно Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознака во селските домаќинства во руралните средини, согласно Законот за угостителска дејност.

Услови за добивање на субвенцијата

Субвенционирањето за туристички цели на селски домаќинства ќе се врши преку Кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000,00 денари – со вкалкулиран персонален данок, кои ќе се направат за следните намени:

-За уредување, опремување или реновирање на објектот, согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа

-Согласно правилникот потребно е објектот да послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки, вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство

– Да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби)

-Надворешниот изглед на куќата да биде без оштетувања и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена.

Документи потребни за аплицирање

-Образец „БАРАЊЕ – РС 2021

-Решение за ознака за селско домаќинство издадено од Министресво за економија

-Решение (физичко лице) за категоризација на угостителскиот објект издадено од градоначалникот на општината

-Финансиски доказ за трошоците настанати во периодот од 01.01.2021 година до крајниот рок на аплицирање(фактура на физичко лице со приложен вирман и извод од банка од кој се гледа дека субјектот – лицето ја има измирено обврската кон добавувачот),

-Фотографии од објектот,

– Изјава (Образец „ ИЗЈАВА- 2021“) потпишана од барателот и заверена на Нотар

Апликантите кои ќе бараат кофинасирање на трошоците за набавка на опрема кај оваа мерка се обврзани набавената опрема да не ја отуѓуваат во рок од две години од денот на набавката.

Барањата со комплетната документација треба да се достават до архивата на Министерството за економија, Сектор туризам и угостителство, ул. Јуриј Гагарин бр. 15 Скопје.

Краен рок за пријавување е 30 Септември 2021 година

Јавниот повик во целост е објавен на Веб страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *