ЈП “Стрежево”- Битола, ќе изврши порибување на акумулацијата Стрежево со сопствени средства, со подмладок од крап и пастрмка

Вести

Покана за настан – Порибување

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите и на спортско – риболовните здруженија.

Ни претставува голема чест и задоволство да Ве поканиме на 22 јуни 2020 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, да присуствувате на порибувањето на акумулацијата “Стрежево”, во организација на концесионерот, ЈП “Стрежево” – Битола.

Претпријатието ќе ги превземе сите мерки за почитување на препораките за заштита на безбедноста и здравјето како на вработените така и на сите граѓани кои ќе присуствуваат на настанот.

ЈП “Стрежево”- Битола, ќе изврши порибување на акумулацијата Стрежево со сопствени средства, со подмладок од крап и пастрмка.
Порибувањето ќе се реализира на локација брана “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).

Порибувањето ќе се реализира согласно Законот за рибарство и аквакултура, риболовната основа, договорот за концесија и годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд во акумулацијата “Стрежево” за 2020 година.

Со почит,
ЈП “Стрежево”- Битола

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *