Како успешно да посадиме маслодајна репка

Вести Полјоделство Совети

Од сеидба до берба на маслодајната репка е период од речиси 11 месеци, што го прави ова производство голем предизвик. Многу одлуки во текот на сезоната го одредуваат крајниот резултат.

Без оглед на тоа колку условите за производство се разликуваат од парцела до парцела, неопходно е да се разберат одредени појави за време на сеидбата, со цел да се постигне рамномерен развој на насадот со маслодајна репка.

Маслодајната репка, не може да го достигне максималниот потенцијал, доколку слојот каде што ќе се сее репката, не е добро подготвен. Во слабо подготвени парцели, се јавува нерамномерно никнување, раст на растенијата и послаб развој на коренот.

Поголемиот влог на време и пари во операциите за време на сеење, ќе имаат позитивно влијание врз зголемувањето на приносите. Една од главните цели пред сеидба е да се зачува влагата и да се спречи губење на влага во почвата, што се постигнува со затворање на површинскиот слој на почвата по обработката. Земјоделците кои имаат искуство со маслодајната репка, се повеќе се насочуваат кон конзервативна обработка на земјиштето, која има многу предности за време на никнувањето и оформувањето на посевите, како и позитивно влијае врз структурата на почвата и зачувување на влагата во почвата.

Одредете го датумот на сеидба, врз основа на временските услови и карактеристики во вашиот регион

                Проблеми при рано сеење                                       Проблеми при касно сеење

                       Опасност од суша                  Слаб развој на растението пред зимскиот период

              Губење на растението при суша                                     Ризик од измрзнување

                 Издолжување на стеблото                                    Ризик од болести и штетници

Сведоци сме на различни проблеми во производството на маслодајна репка, имајќи ги во предвид последниве години:

Во идеални услови неопходно е да се следи прогнозата пред сеидба. По сеидба, врнежите од 8-10 мм, овозможуваат успешно никнување на посевот. Доколку не се очекуваат врнежи во наредно време, подобро е да се почека дури да дојде и крајот на агророкот за сеидбата. Во случај на лошо остварен склоп,важно е да се оцени хомогеноста на распоредот на растенијата и ако намалувањето на склопот не е драстично, посевот останува.

Во рана пролет, релативно рамномерен распоред од минимум 15 растенија по метар квадратен го оправдува производството на репка, а во случај на хибриди на DEKALB, не се препорачува пресејување, бидејќи хибридите на DEKALB на маслодајната репка имаат изразена особина на разгранување, при што покрај затворањето на склопот, значајно се зголемува приносот.

Главните цели што треба да се постигнат пред зимата:

  • Добра и хомогена густина ( 25-35 растенија на м2)
  • Визуелно убав и снажен корен, долг 15см и дијаметар од 8мм пред зимата
  • Добивање на 6-8 листови што побрзо, како би се осигурало подобро презимување, како и толерантност на штетници
  • Да се избегне издолжување на стеблото со употреба на регулатор за раст

Секоја парцела има специфични услови за производство и потребно е да се надминат тие предизвици. Некои производители размислуваат на тоа како да излезат на крај со плевелот, други пак се повеќе загрижени заради оштетувањето од мразот, а трети се плашат од зараза на растенијата со специфични болести.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *