Календар на активности за месец мај – Овоштарство

Вести Овоштарство Совети

Во овоштарниците ги има следните агротехнички мерки: обработка на почвата и чистење на овоштарниците од плевели, а насадите каде што се сеат култури за зелено ѓубрење се заоруваат.
Заштита кај јаболката и крушите – за време на цветањето се прска против бактериска пламеница и монилија на плодовите. За таа цел се користат фунгициди со некоја од следниве активни материи: боскалид+пираклостробин, пириметанил, ципродинил, пенконазол, пропинеб, манкозеб и сл. Во јаболковиот насад прскањето се врши во интервал од 7 до 10 дена. Во месец мај се изведуваат 3 до 4 прскања кои се насочени кон превенција од чадливата краставост, монилијата, пепелницата, лисните вошки и крушкината болва. Неопходно е и прскање против ларвите на јаболковиот црв со инсектициди кои што се на база на некои од следните активни материи: хлорпирифос, циперметрин, алфа циперметрин, диметоат, метоксифенозид, луфенурон и сл.

Кај крушата се врши прскање во интервал од 10 – 12 дена и се насочени против чадлива краставост, бактериска пламеница, лисни вошки, крушкина болва, црвливост. За заштита и превенција од гореспоменатите болести се користат фунгициди кои што содржат некои ид следниве активни материи: боскалид+пираклостробин, пириметанил, ципродинил, пропинеб, манкозеб.

Во мај се врши првото прскање против најопасниот штетник на црешата: црешина мува. Раните сорти не се прскаат со инсектицид против овој штетник, затоа што тој не ги напаѓа овие сорти. Третирањето против црешова мува се изведува со инсектицид кој што е на база на некоја од следниве активни материи: делтаметрин, тиаклоприд, имидаклоприд, ацетамиприд, диметоат, хлорпирифос и сл. Во лозјето во месец мај исто така има одредени практики кои се вршат и кои имаат директно влијание врз квалитетот и квантитетот на бербата. Лозјата се чистат од плевели преку плитка обработка на почвата. Кај лозјата засадени на ридест терен се прават прекинати ровови / бразди за заштита од ерозија и собирање на одводните води. Во почетокот на месецот се ѓубри со азотни ѓубрива со приближна норма од 8-10кг/ха активна супстанца. Во ново засадените лозја се разровкува кората на горниот слој од почвата, со цел да се подобри водено – воздушниот режим, внимавајки да несе одронат развиените папки и леторасти. Во мај месец многу важен момент е и филизењето на лозите. Кај младите лозја се врши на висина на леорастите од 15-20см и е потребно за нивно формирање. При филизењето се одстрануваат сите неплодни леторасти по стариот дел на лозата, со исклучок на оние кои служат за нови лозови единици.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *