При поволни временски услови во февруари продолжува грижата за лозовите насади. И во овој зимски месец штетниците се во состојба на мирување под кората на
лозите, во основата на кордуницата и најмногу во папките.
Затоа се препорачува чистење на старата кора по кордуницата и рамените гранки на лозата. Се режат се изнесуваат и се горат заболените делови, за да се уништат презимните форми на антракозата, црвениот овошен пајак и други штетници.
Во овој месец продолжува и грижата за
лозовиот саден материјал. Треба периодично да се проверува и да се отстрануваат заразените лози за време на неговото чување. Да продолжи одржувањето на оптимална температура, влажноста на воздухот и на песокот во просторијата каде што се чува лозовиот саден материјал.