Ќе им се исплати долгот и на преостанатите 600 лозари кои имаа неплатено грозје од „Повардарие“ и „Стефани“

Вести Лозарство

Со дел од измените на Законот за земјоделство и рурален развој кои се изгласаа во Собранието се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите коi што имаа побарувања од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“.

Станува збор за околу 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите а којшто го исплати Владата на Република Северна Македонија.

Со оваа изменa практично ќе биде комплетирана исплатата за  сите лозари кои не ги имаа добиено парите од винарниците „Повардарие“ и „Стефани“ за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти МЗШВ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *