Ќе се надоградува радарски систем кој детектира и најавува опасни временски појави

Вести

Деновиве ќе почне надградбата на радарскиот систем во Ѓуриште кој детектира и најавува опасни временски појави, а не е во функција веќе четири години, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по посетата на УХМР.

 

Завршена е реконструкцијата на хидролошките станици во Крива Паланка и Штип, а периодов реновирана ќе биде и хидролошката станица во Демир Капија.

Според Николовски, инсталирана е и новата интернет мрежа со оптичка врска за побрза комуникација и  размена на податоци.

– Продолжуваме со инвестиции во нови агрометеоролошки станици низ државата кои се битни за навремено информирање на земјоделците и преземање соодветни мерки за заштита на производството. За климатските промени чие влијание е се поголемо, неопходен е сет мерки и активности и инволвираност на сите засегнати страни, истакна Николовски, нагласувајќи дека Македонија годишно исплаќа пет милиони евра за штети во земјоделството.

Директорот на УХМР Ивица Тодоровски, информира дека со три милиони денари ќе се поправа софтверот на радарскиот систем во Ѓуриште, инсталиран во 2005 година.

Годинава УХМР располага со буџет од 4 милиони денари и  5 милиони денари поддршка од Владата.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот рече дека се прават напори за враќање во употреба на системот за градобијна заштита, особено во Преспа, Ресен и Тиквеш.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *