Ќе се субвенционира и руколата, предадена калинка, а повисоки субвенции добиваат и одгледувачите на кози

Вести Градинарство Сточарство

На денешната седница, Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2022 година, којашто е резултат на опсежни анализи на искористеноста на средствата, земајќи го предвид развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба. Еве што предвидува програмата:

-Во делот на поддршката од 20 отсто за развојните категории (поледелство и сточарство) се бришат критериумите за пријавена површина и грло. Односно сите земјоделци без разлика колку хектари или грла ќе пријават, ќе добијат 20 отсто дополнителни финансиски средства.

-По барање на земјоделците, но и по анализите спроведени на странските пазари, воведуваме нови култури кои ќе бидат субвенционирани. Се воведува нова субвенција во делот за градинарство, а тоа е за „рукола“, која ќе изнесува 30.000 денари по хектар.

-Од оваа 2022 година 3 денари по килограм предадено овошје во преработувачки капацитет ќе добиваат и производителите на калинка. Оваа мерка ја проширивме затоа што има интерес кај земјоделците и се работи за нова и преспективна култура којашто е барана во преработувачката индустрија.

-По барање на земјоделците извршена е корекција во минималениот број на овошки – садници по хектар за цреша потребни за да добијат субвенции од 240 на 200 садници. Исто така, направена е корекција и кај максималните приноси за модар патлиџан на 80 тони по хектари и цвекло на 60 тони по хектар.

-Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, односно наместо досегашните 1.200 денари, годинава субвенцијата ќе биде 1.300 денари по грло коза.

-Повисоки субвенции ќе добијат и пчеларите, поддршката за презимено пчелно семејство се зголемува од 600 денари на 700 денари линеарно за сите без оглед на тоа колкави се нивните капацитети.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *