Кина нема да увезува замрзнато месо: На него вирусот може да опстои и до три месеци

Вести

Кина забранува замрзнато месо, затоа што на него  вирусот може да опстои и до три месеци.

Земјата ќе го запре увозот на замрзнато месо и месни производи. Оваа одлука е донесена поради новите случаи позитивни на Ковид – 19. Минатата недела беше затворен најголемиот пазар во Пекинг,  на кој се продава месо, риба и овошје и зеленчук.

Ву Зунио, главниот епидемиолог на кинескиот Центар за превенција и контрола на болести, изјавил дека вирусот може да преживее на површината од замрзнатата храна и до три месеци.

Како што се наведува во соопштението на кинеските власти, цариниците 100 процентно ќе ги контролираат сите пратки, а тоа значи и дека веќе договорените контингенти за увоз/извоз на месо се ставаат во мирување.

Неколку десетици луѓе се заразиле од коронавирусот во меѓувреме, а властите во Пекинг одлучиле производите изложени на пазарот да бидат уништени.

Поради појавата на нови случаи, рестриктивните мерки во Пекинг се заострени. Властите прогласија втор највисок степен на тревога. Откажани се најмалку 1250 летови.

Претходно, повеќе од два месеци, во Пекинг немаше заразени од коронавирусот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *