Кина резервирала историска количина на пченка за увоз!

Вести

Веста дека Кина, за увоз има резервирано најголемо количество американска пченка во историјата, беше објавена во јануари од страна на американското Министерство за земјоделство (USDA). Главната причина е ненадејното зголемување на побарувачката за добиточна храна во таа земја, што е на добар пат да стане најголем увозник на овој вид житарица во светот.

Станува збор за приватна продажба која всушност е и втора најголема дневна продажба во САД досега забележана. Фактот дека беше надминат договорот од 1991 година, кога Кина нарача 3,72 милиони тони од оваа житарица од поранешниот СССР, доволно зборува за тоа.

Според Ројтерс, оваа земја има резервирано вкупно 3,74 милиони тони пченка од америчките залихи. Треба да се додаде дека во исто време биле купени дополнителни 132.000 тони соја.

Оваа набавка го стимулира растот на глобалните цени на житните култури, а експертите сметаат дека може да предизвика и инфлација на храната, во земјите кои веќе се сериозно погодени од пандемијата на вирусот корона.

Увозот на оваа култура во Кина, може да се искачи на 25 до 27 милиони тони во тековната година, вклучувајќи 18 до 20 милиони тони од САД“, рече Дан Бејз, претседател на „AgResource Co.“ Токму тоа Кина би ја направило да биде најголемиот купувач на пченка во светот.

Пред една година, Кина увезе само 7,6 милиони тони пченка, што покажува дека сега увозот е скоро трипати поголем, а аналитичарите тврдат дека американските залихи се доволни за да одговорат на зголемената побарувачка.

На ваков увоз Кина е принудена, затоа што тамошните посеви се оштетени од невреме и суша. Следствено, залихите на домашниот пазар станаа помали и недоволни за да се нахранат се поголемиот број стада свињи, а се работи и на тоа стадата уште повеќе да се зголемат.

Треба да се напомене дека споменатата продажба следуваше по големиот пад на цените на пазарот , со што на Кина и се отворија можности за купување. Но, по договорот со САД, цените повторно почнаа да растат.

Според статистичките податоци, Европската унија е сè уште најголем увозник на пченка, со 20.500 тони годишно.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *