Голем студ и суво топло лето, променливи температури и изобилни дождови. Овошјето и зеленчукот претрпеа последици од климатските промени. Родот е слаб и со понизок квалитет. Спас се бара во новата технологија.
Прогнозите за влијанието на климатските промени навестуваат намалување на приносите и квалитетот на родот. Најмногу кај овошјето, грозјето и зеленчукот. Последиците веќе се чувствуваат.
Драстичните промени на температурата, појавата на град, мраз, поплави, опекотини кај растенијата, болести и штетници- сето тоа веќе е реалност. Но, постојат технологии и методи за превентива и заштита кај растенијата.
Производителите стануваат свесни и за нивното влијание врз животната средина и за зачувување на водните ресурси.
Преку проектот на УНДП за управување со струмичкиот слив, низ повеќето обуки и грантови за опрема, агроеколошките мерки, втора година по ред, практично го унапредуваат македонското земјоделство.