Кога е вистинското време за третман на овошјето во зима

Вести Градинарство Лозарство Овоштарство Совети

Драги овоштари и лозари, на најголемиот број насади завршено е зимското режење, по што ќе се направи  зимски третман на растенијата. Со режење ги  отстрануваме старите, гнили и расипани гранки, како и вишокот  гранки во крошна, што ќе овозможи подобра пенетрација на препаратот во сите надземни делови од растението.

КОГА?

Зимско прскање на овошје и винова лоза – „сино прскање“, со производи од бакар, е главната превентивна мерка на заштита која потиснува цел спектар на заболувања на овошје и винова лоза на мирување и пред движењето на вегетацијата. Се препорачува сино прскање да се изврши уште во есента по падот на лисјата или двапати во текот на зимата и најдоцна до почетокот на сезоната на растење. Прскањето треба да биде темелно капење на овошјето. Прскањето  треба да стигне до целото растение, до најтенките гранчиња каде што се држат јајцата на многу штетници. Исто така, млазот на течности треба да биде под одреден, постојан притисок, за да се достигнат пазувите на пупките и сите пукнатини и испакнатини во кората. Прскањето треба да се изврши во релативно тивко време и на температура на воздухот над 5 ° C и може да се извршува се  до излегување на пупките (розова пупка).

ЗОШТО?

Со примена  на фунгицидите  базирани на бакар ги контролираме  економски најзначајните заболувања кои преовладуваат на гранчињата кората  или под пупките на заразените дрвја.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *