Кои македонски фирми добија најмногу пари од ИПАРД-програмата во 2021?

Вести

Досега во 2021 година, Платежната агенцијата додели околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 отсто, а со 25 проценти учествува државата. Пет години од исплатата сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата. Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град.

Компанијата „Уни Агро“ е добитник на најголемата исплата на грант годинава преку ИПАРД-програмата која ја спроведува платежната Агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој. Велешката компанија „Уни Агро“ е основана во 2012 година, кога почнува со производство и промет на семенски материјали, житарки, мешана сточна храна, додатоци за сточна храна, храна за миленици, одгледување на свињи и свежо свинско месо. Во 2019 година започнала со инвестирање во фабрика за сточна храна и за тоа годинава добила неповратни 51.639.594 денари.

Фирмата „Агроандика“ од Ростуше, која пред две години започнала со изградба на гостинскиот конак кај Бигорскиот манастир, е на второто место со исплатени 35.531.935 денари.

На третата позиција е компанијата „Јоки Комерц“, позната по своите иновации во Живинарската фарма Долнени, со поврат на 26.449.947 денари.

Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот.

-Откако ќе започне реализацијата на инвестицијата, ние континуирано вршиме контроли како таа се спроведува. На крајот, најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат 65 отсто – вели Никица Бачовски, директорот на платежната агенција.

Извор: faktor.mk

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *