Експертите со години дебатираат дали јајцата се здрави или не. Се чини дека одговорот зависи од тоа колку јадеме неделно – покажа новата медицинска студија.
Резултатите покажале дека само две јајца на ден може да предизвикаат кардиоваскуларни проблеми и предвремена смрт.
Жолчката содржи високи количини холестерол: Според американското Министерство за земјоделство, големото јајце содржи околу 185 милиграми холестерол, повеќе од половина од препорачаната доза за внес – Светската здравствена организација предлага вкупно 300 милиграми на ден. Студијата се засноваше на податоци од шест различни експерименти, во кои биле вклучени повеќе од 30 000 учесници во текот на 17 години. Истражувачите заклучиле дека внесот од 300 милиграми дневно го зголеми ризикот од васкуларни заболувања за 17 проценти и дека шансите за срцев удар се поголеми за 18 проценти.
Студијата покажа дека оваа поврзаност постои без оглед на возраста, физичката подготвеност на поединецот, како и дали е пушач и неговото здравје, во однос на тоа дали има висок крвен притисок или не.
„Нашата студија откри дека ако две лица имаат иста диета, што се разликува само во дневниот внес на јајца, оној што ги јаде има поголема веројатност да има проблеми со срцето“, вели Норина Ален, професорка за превентивна медицина на Североисточниот универзитетски факултет за медицина и една студија откри дека новото истражување е во спротивност со претходните откритија, кои тврдат дека нема директна врска помеѓу внесот на јајца и зголемен ризик од срцеви заболувања.
Други експерти посочуваат дека овие резултати се добиени само од набљудување и дека со тоа може да се покаже дека повисокиот внес на јајца го зголемува ризикот од заболување, но на тој начин не можат да воспостават врска помеѓу причината и ефектот.
„Квалитетот на оваа студија е што тој е повеќе репрезентативен бидејќи опфаќа различни етнички заедници меѓу населението, како и различни навики на јадење кај обичните граѓани во Америка“, вели Том Сандерс, професор по диететика на Кингс колеџ, Лондон.
„Неговите ограничувања се затоа што се потпира на индивидуални мерења на внесувањето храна.“ И колку, на крајот, треба да јадеме јајца? Коавторот Ален препорачува не повеќе од три неделно. Таа ги советува љубителите на оваа храна да јадат претежно белки од јајца.
„Јас не ги охрабрувам луѓето да ги исфрлаат целосно од нивната исхрана, јас само предлагам да ги јадете поумерено“.
Том Сандерс забележува дека студијата се однесува на САД.
„Во Америка просечниот внес на холестерол достигнува до 600 милиграми, што е многу повисоко отколку во Велика Британија, каде изнесува околу 225 милиграми холестерол на ден“, рече Сандерс.
Всушност, најновите статистики од Меѓународната комисија за јајца од 2015 година покажуваат дека Американците се само седми во светот во однос на бројот на јајца што јадат во текот на годината – 252 јајца се јадат во просек од секој граѓанин. Сепак, тие предизвикуваат проблеми со срцето при секоја петта смрт.
Јапонците, кои јадат во просек 328 јајца годишно, имаат помала стапка – 11 проценти од смртните случаи се предизвикани од кардиоваскуларни проблеми.
„Умерен внес – три до четири неделно – е совршено добар“, заклучува британскиот експерт Сандерс.