Колку заработуваат најголемите 4 млекарници во Македонија?

Вести

Големите четири македонски компании за преработка на млеко и производство на млечни продукти лани имаат приходи што надминаа 70 милиони евра. Убедливо најголем учесник на нашиот пазар останува да биде Млекара Битола со приход од 38,5 милиони евра и профит од 2,22 милиони евра.

Најголемите четири македонски млекарници лани направиле приходи кои надминуваат 70 милиони евра и тие се за нијанса повисоки од 2017 година, покажуваат официјални податоци достапни во базата на податоци на ЦРМ. Повеќе од половина од приходите на четирите најголеми млекарници ги прави најголемата домашна млекарница (поседувана од странски лица н.з.) тоа е „Млекара Битола“.

Оваа компанија лани има вкупни приходи во износ од 38,5 милиони евра и тие се за 1,5 отсто повисоки од претходната година. Оваа компанија која лани држи 55 отсто од целата продажба на најголемите четири домашни млекарници. Профитот на оваа компанија лани изнесува 2,22 милиони евра и тој е за 44 отсто повисок од 2017 година.

Вториот најголем производител и млеко на млечни производи „Здравје Радово“ има вкупни приходи од 19,5 милиони евра и тие се за 19 отсто пониски во споредба со 2017 година. Компанијата е во загуба од 2,9 милиони евра и таа е 4 пати повисока од загубата во 2017 година.Трет на листата е производниот капацитет на „Бучен Козјак“ од Куманово. Нивните приходи лани се 6,88 милиони евра и тие се повисоки за 15 отсто во споредба со 2017 година. Нивниот профит лани е 0,47 милиони евра и добивката е за 31 отсто повисока во однос на претходната година.

Во големата четворка е и турската аквизиција „Суташ Македонија“. Оваа компанија лани имаше вкупен приход од 5,3 милиони евра и тој е 39 отсто повисок од претходната година. Профитот на компанијата лани е зголемен за 71 отсто во однос на 2017 година и изнесува 4,4 милиони евра.

Според официјалните податоци млекопреработувачите лани откупиле 106.000 хектолитри млеко во вредност од 50 милиони евра. Лани македонските фирми извезле 5,6 милиони тони млеко и млечни производи вредни 11 милиони евра, а во истиот период на нашиот пазар се увезени 36,4 милиони тони производи вредни 50,33 милиони долари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *