Комитетот за земјоделство и безбедност на храна денеска ќе стартува со сточарството и овчарството

Вести Сточарство

Денеска во Влада на конститутивната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна, ќе се стартува со сточарите и состојбата во овчарството.

Ќе бидат присутни Премиерот Зоран Заев, посебниот советник за земјоделство на премиерот Ленче Николовска, Вицепремиерот Анѓушев, министерот Николовски, како и министрите за финансии, здравство и екологија, заедно со директорите на инситуциите од земјоделскиот сектор.

Ќе се разговара за овците, женското јагне, млекото и за 18.000 семејства кои живеат од оваа земјоделска гранка.

На Комитетот учество ќе земат и претставници од овчарството и сточарството.

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *