Во Европската унија 25 проценти од фирмите за широка потрошувачка имаат он-лајн продажба, во Македонија само седум проценти работат со е- трговија. Речиси половина од нив ваквиот бизнис го започнале минатата година. Обувки, облека, телефони, таблети. Македонците, наголем број нарачки преку интернет имаат на овие производи, покажуваат истражувањата.
„Потрошувачите имаат поголеми очекувања, сакаат поинаква интеракција при претставувањето на понудата, поголема слобода на избор и поголем комодитет при пазарувањето“, вели Ивица Секоловски, Агенција за истражување.
Со висок квалитет, а ниски цени, земјоделските производи и македонските вина имаат голем потенцијал на рускиот пазар со 150 милиони купувачи и речиси минимално сопствено производство. Компаниите да се фокусираат на премиум производи барани од високата класа потрошувачи во Москва.
„Македонските производи се интересни за рускиот пазар кој нема климатски услови да ги произведе, па затоа и 50 насто ги увезеува. Мора да најдеме начин да ги здружиме производителите и извозниците на локално ниво, поединечно немаат капацитет за пласман. А, на московскиот пазар со 20 милиони купувачи од кои 10 проценти премуим класа, има голем интерес за овој квалитет, затоа и не треба да се продаваат евтино“, вели Миодраг Боројевиќ, менаџер на руски синџир маркети.
Трговијата со стоки за широка потрошувачка е секогаш потисната од ударите на разни кризи во светот и потребите да се биде во чекор со времето. Најдобар начин да се успее е здружувањето, едногласни се менаџерите.
„Македонските производи имаат висок квалитет, а ниска цена- се добива една совршена формула за успех. Но кога станува збор за рускиот пазар со голема побарувачка неопходно е здружување на македонските компании“, посочува Наташа Атанасова, дел од ораганизацијата на ФМЦГ самитот во Скопје.
За иновациите и дигитализацијата, како да се најде формула за успех на пазарот, искуствата и сопствената бизнис приказната, 300 менаџери од водечки компании ја споделија меѓу себе на Самитот за трговија со широка потрошувачка.