Компаниите заинтересирани за изградба на Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река

Вести

Заинтересираните понудувачи за изградба на хидроелектраната Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде, според проектот, треба да се гради електраната. Посетата беше организирана од страна на меѓуресорската владина Комисија за спроведување на постапката и од АД ЕСМ.

-На терен беа претставници на компаниите кои се квалификуваа во првата фаза. Притоа, имаа можност да извршат извидување на околината, дополнителни мерења и земање примероци од геолошки материјал. Локацијата исто така е слободна за посета од страна на квалификуваните понудувачи, за потребите на проценки и подготовки во пресрет на доставувањето на конечните понуди – информира ЕЛЕМ.

Со понудувачите беше одржан и состанок со Комисијата, во согласност со тендерската документација и процедурата за избор на најповолен понудувач.

Како што наведува ЕЛЕМ, во најскоро време се очекуваат понудите на деветте компании кои ја поминаа првата фаза на квалификација, а до крајот на септември годинава се очекува да се избере компанијата која ќе биде дел од јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ за изградба на хидроелектраната Чебрен.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *