Конференција за квалитетот и сигурноста на храната

Вести

Конференција на тема „Треба да се отвораат очите, да се толкуваат разликите и да се внимава при изборот на храната“ организира денеска во Скопје компанијата „Перутнина Птуј“ АД Словенија.

– Постојано треба да се истакнува дека разликите во квалитетот на храната може да бидат многу големи. Тоа што го гледаме на полиците во маркетите доаѓа од различни средини и од различни производствени процеси. Иако навидум станува збор за исти прехранбени производи, разликата во квалитетот е голема, велат од компанијата.

Освен за квалитетот и сигурноста на храната, на конференцијата ќе стане збор за примерите на добри практики и за парадоксите во развојот на големите глобални компании за преработка на прехранбени производи кои, според „Перутнина“, се насочени само кон намалување на трошоците на сметка на квалитетот.

Предвидени се обраќања на раководството на Перутнина Птуј АД Словенија, директорот на Перутнина Птуј Дооел Скопје Стефан Шишовски и на професорот Драгослав Коцевски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *