Kонсултативна работилница за развој на “зелен” и конкурентен бројлерски подсектор

Вести Живинарство

Во вторник, 19 март, 2019 година, со почеток во 10:30 часот, во хотелот Гарденија во Велес ќе се одржи дводневна работилница чијашто цел е поставување на рамката за петгодишна, акциски ориентирана, Стратегија за развој на македонскиот подсектор за бројлери, во консултација со сите клучни чинители во секторот живинарство.

 

Работилницата ја организираат ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на тековниот проект на ФАО чијашто цел е да се направи подсекторот на бројлерско производство конкурентен, инклузивен и еколошки.

На настанот ќе присуствуваат домашни и меѓународни експерти на ФАО, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Агенцијата за храна и ветеринаство, Платежната Агенција, производители на бројлери, преработувачи, трговци на мало и големо, како и претставници на меѓународната донаторска заедница, академијата и финансискиот сектор.

 

Поздравни говори на настанот ќе имаат:

  • Г-дин Нефрус Челику, Државен секретар при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ);
  • Г-дин Кирил Ристовски, Национален Координатор на проектот, МЗШВ
  • Г-ѓа Шибон Кели, експерт на ФАО за системи за храна и тим лидер на проектот.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *