Косово целосно ги укина зголемените царини за македонските земјоделски производи

Вести

Владата на Република Косово на вчерашната владина седница целосно ги укина дополнителните царини за увоз на земјоделски производи од Македонија.

Одлуката стапува на сила од денес, и со оваа одлука целосно престанува да важи зголемената царина од 30 насто, мерка што Приштина ја донесе на 18- ти месецов. Домашните земјоделски производи без застој повторно ќе се извезуваат на косовскиот пазар.

Преговорите кои Владата на Република Македонија и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод. Само со дијалог и правилни одлуки може да се решат сите проблеми.

-Македонија тргна по евроинтеграцискиот пат од кои бенефит треба да имаат сите граѓани. Косово за Македонија е сериозен трговски партнер, со голем суфицит во нашата трговска размена, токму затоа  длабински, темелно пристапивме на решавање на состојбата, стои во соопштението на МЗШВ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *