Кредити за преработка на земјоделски производи преку Развојна банка

Вести

Цел на кредитната линија е подобрување и развој на производните способности кај микро, малите и средните претпријатија чија основна дејност е производство, преработка на земјоделски производи или извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Со тоа би се подобрил капацитетот на микро, малите и средните претпријатија за настап на домашниот и странските пазари и би се зголемиле инвестициите, вработеноста и конкурентноста во Република Северна Македонија.

Намена на кредитната линија

Набавка на основни и обртни средства и тоа:

  • опрема за преработка на земјоделски производи;
  • изградба на нови и купување или реконструкција на постоечки производни објекти во функција на преработка и складирање на земјоделски производи;
  • откуп на земјоделски производи за преработка (најмалку 70% од основната суровина за преработка треба да биде со потекло од домашно производство);
  • набавка на сите видови компоненти за производство на добиточна храна;
  • набавка на компоненти од неземјоделско потекло во функција на крајниот производ (најмногу 30% од инвестицијата);
  • амбалажа и етикетирање.

Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странските пазари, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.

Износ по проект

Максималниот износ по поединечен проект изнесува до 30.750.000 денари (500.000 евра).

Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари.

Каматната стапка за крајниот корисник е 2% годишно фиксна каматна стапка. Еднократниот надоместок при исплата изнесува 0,8% од износот на исплатениот кредит.

Рокови

За основни средства: до 120 месеци со вклучен грејс период до 18 месеци.

За обртни средства: до 24 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци.

Искористување на средствата од кредитот и рефинансирање

Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата.

За наменското искористување на средствата, корисникот доставува фактури и банкарски изводи до Банката во рок од осум дена од денот на плаќањето.

Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 денови пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до Банката.

Како доказ за наменско искористување на средствата, кредитобарателот заедно со документацијата, дополнително ја доставува и целокупната документација за извршените набавки (фактури, договори за купопродажба, банкарски налози и изводи и друга документација).

Кој може да аплицира

Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат преработка на земјоделски производи (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – МЗШВ).

Критериуми кои треба да бидат исполнети

  • Сопствено учество најмалку 20% од вкупната инвестиција (истото не мора да е во парични единици, односно може да е и во средства);
  • Степен на тековна ликвидност минимум 0,7;
  • Степен за способност за сервисирање на долг минимум 0,5;
  • Позитивен финансиски резултат во последната фискална година;
  • Да нема достасани неизмирени обврски кон државата (даноци, придонеси и др.)
  • Согласно кредитен регистар на НБРСМ, класификација подобра или еднаква на „Б“

По исклучок кредитобаратели можат да бидат:

  • Новоосновани претпријатија чии што основачи се правни лица со позитивен финансиски резултат во последната фискална година;
  • Претпријатија кои во последната фискална година оствариле негативен финансиски резултат, доколку обезбедат банкарска гаранција за одобрениот кредит.

Обезбедување од крајните корисници

  •  Хипотека од прв ред најмалку во висина од 1,5:1 во однос на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата; или
  • Банкарска гаранција во висина на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата.

Потребна документација

Целокупната документација за кредитот се поднесува во оригинал до РБСМ (може и преку препорачана пошта, за да имате потврда дека е пристигната).

1. Барање за кредит (формулар на РБСМ);
2. Апликација за идентификација на клиент (формулар на РБСМ);
3. Tековна состојба (не постара од 3 месеци, од ЦРСМ);
4. Докази за немање достасани неподмирени обврски кон државата (Уверение од УЈП);
5. Решение за упис во соодветните регистри на откупувачи на земјоделски производи при
МЗШВ;
6. Бизнис план или инвестициона програма;
7. Договори за откуп;
8. ЗП образец (образец за потписници во име на фирмата, копија) и потписен картон (копија);
9. Документација за понуденото обезбедување на кредитот (доколку обезбедувањето е хипотека – копија од имотен лист, доколку обезбедувањето е банкарска гаранција – деловна банка која ќе ја издаде гаранцијата);
10.1 Биланс на состојба и биланс на успех (копија) и заклучни листови со истите дати;
10.2 Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена;
10.3 Промет на жиро сметка за тековната година (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководство);
10.4 Аналитички преглед по комитенти (спецификација на групи 12 – купувачи, 22 – добавувачи и 25 – кредити) со иста дата за која се однесуваат заклучните листови;
10.5 Ревизорски извештај (за трговски друштва кои се обврзани да изготвуваат);
10.6 Акционерска книга и книга на удели;
11. Изјава за капитална поврзаност (формулар на РБСМ);
12. Документација за планираните набавки со средствата од кредитот;
13. Изјава за задолженост во други банки и финансиски институции (формулар на РБСМ);.
14. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот (формулар на РБСМ).
15. Изјава за проверка на кредитна изложеност (формулар на РБСМ)

Преземи документи

Формуларите на РБСМ може да ги преземете на следните линкови:

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *