Креирани се нови сорти на домати кои лечат висок крвен притисок и Паркинсонова болест

Вести Совети

Јапонските научници од компанијата Sanatech Seed Co. и универзитетот Tsukuba развија нова сорта на домати со користење на генетски инженеринг. Станува збор за сорта која може делотворно да го лечи високиот крвен притисок, пишува The Japan News. Таа, во споредба со останатите сорти, е побогата со гама – аминомаслена киселина (GABA) која спречува покачување на крвниот притисок. Минатата година јапонското Министерство за здравство утврдило дека таквите технологии на генетика се разликуваат од вообичаените методи за подобрување на сортата и воспоставиле систем за регистрација на таквата храна.

После советувањето со јапонското здравство и одлуката на стручната комисија, постои можност на генетичарите да им се одобри одгледување и ставање во промет на овие сорти, а за добивање на сите дозволи ќе треба најмалку една до една и пол година.

домат

Лек за Паркинсонова болест

Уште една сорта ГМО домати, создадоа научниците од John Iness центарот во Англија и така ја создадоа онаа која содржи зголемен удел на леведоп (L-DOPA), клучен лек за Паркинсоновата болест.  Имено, ваков начин на употребата на растенија како природен извор на L-DOP нуди поволности за луѓето кај кои се појавиле нуспојави од земање на тој лек, како што е на пример мачнина, пишува  Hortidaily.

– “Покажавме дека е можна употреба на домати кои ја експримираат тирозиназата како извор на L-DOP“, изјави авторот на студијата Др. Дарио Брител. „Тоа имааше изненадувачки благотворно дејство, вклучувајќи и зголемување на рокот на траење на доматите и зголемено ниво на аминокиселини“, заклучува тој.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *