„Кристал 1923“ и „Биспромет – Агроцентар“ започнуваат со склучување на договори за сончоглед реколта 2021

Вести

Почитувани фармери

Преработувачката индустрија „Кристал 1923“ и компанијата „Биспромет Агроцентар“ од Битола, со поддршка на Агротим, започнуваат склучување на договори за договорно производство на сончоглед за реколта 2021 година.

 

Со договорот, добивате сертифициран семенски материјал од француско производство и средства за заштита кои ќе ги платите на одложено со предавање на производот во фабриката за масло во Велес.

За склучување на договорите и добивање на репроматеријате потребно е: За правни лица – тековна состојба, лична карта од управител, имотен лист или договор за закуп и која од жиро сметка.

За физички лица – лична карта, трансакциска сметка и имотен лист или договор за закуп.

Телефон за контакт и склучување на договори е 047 231 507 од 8 до 15 часот, од понеделник до петок.

Минимална површина за склучување на договор е 5 ха.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *